За да ги задоволи желбите на ДУИ, Заев ќе го менува деловникот на Владата
На седница на Влада ќе се менува деловникот за работи и надлежностите на премиерот и првиот заменик и вицепремиер, функција која е воведена од овој владин состав. Заев вели дека веќе е воспоставен систем на прв заменик премиер на Влада и тројца вицепремиери. Со оваа промена во деловникот, ќе биде прецизирано дека во отсуство на премиерот, неговите надлежности ги ќе може да ги преземе само првиот вицепремиер. Со новите промени, сите министри ќе добијат и мандатни писма од страна на премиерот.
„Промените во деловникот ќе ги дефинира редоследите на замена, како и распределба на задачите и да се знае кој е прв од потпретседателите, но истовремено и да се знаат обврските на секој во работењето на Владата.“, рече Заев.