ВМРО-ДПМНЕ – Што се 50 евра за возење без кацига, кога обвинителство молчи за 200 милиони евра на Дака за скандалот со ШИК Јелак-Тетово
Денес власта на Заев се обидува бесрамно да глуми правна држава. Изречената казна од 50 евра за Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски е обичен пи-ар театар во услови кога власта на Заев е фатена до гуша во скандал со коруптивниот случај со контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ. Сега ќе глумат владеење на правото за казна од 50 евра за сообраќаен прекршок, а криминален бизнис тежок 200 милиони евра поминува без никаква реакција на институциите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Аболицираниот за криминал од 8 милиони евра, човекот кој сите го слушнаа и видоа како бара евро за вицето, човекот кој е капо ди тути капи на сите криминални, корупциски и рекетарски мрежи во Македонија не може да биде пример за право и правда.
Ова е само блед обид како да се затвори еден сообраќаен прекршок, дури откако јавноста дозна за него преку социјалните мрежи. Апсурдот да биде поголем овој сообраќаен прекршок бил направен на очиглед на припадници на МВР кои се дел од неговото обезбедување и никој не го спречил или санкционирал, се до оној момент не се дозна во јавноста.
Тоа е методот на криминалците и прекршителите на законот, ако помине помине, ако не ќе релативизираат, ќе се извинуваат до небо и ќе прават ефтин пи-ар“, порачуваат од партијата.