Операта Метрополитен ја откажува цела сезона

Познатата њујоршка Метрополитен опера денеска ја откажа цела следна сезона и најави дека ќе остане затворена до септември 2021 година. Причина за тоа е пандемијата на коронавирусот.

Оперската куќа, со 3.800 седишта, изведува повеќе од 200 претстави годишно, кои ги гледаат речиси 800.000 посетители.

„Жал ни е што мораме да Ве известиме дека Метрополитен донесе исклучително тешка одлука, за откажување на целата сезона 2020-21 година, врз основа на советите на здравствените стручњаци при Центарот Линколн и Метрополитен“ (каде е сместена Операта), се вели во соопштението.

Потоа се додава дека поради стотиците изведувачи кои треба да вежбаат и да настапат и поради големата публика на компанијата, нема да биде безбедно за Операта да продолжи со програмата. (МИА)

Постави одговор

Your email address will not be published.