Мицкоски – Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба

Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба од три причини:

1. Oдлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување со пандемијата, но за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијата.

2. Oснова за овие одлуки беше справување со економските последици од пандемијата. Денес, имаме драстично влошување на економските состојби и зголемена невработеност.

3. Владата ги манипулираше основите и носеше Уредби со законска сила коишто беа злоупотребени за изборен поткуп или за менување на Изборен законик во последен момент. Доказ за тоа е дека Уставниот суд поништи десетина уредби донесени од владата во тој момент.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1676945512480901
Постави одговор

Your email address will not be published.