ВРЕМЕ Е ЗА МЕДИТЕРАНСКИ ВКУС ВО ВАШАТА КУЈНА – НЕОДОЛИВИ СИЦИЛИЈАНСКИ КАНОЛИ СО ПОРТОКАЛ

Италијанската кујна е една од најпознатите кујни која изобилува со совршени рецепти и фантастични вкусови кои долго се памтат. Ако не сме во можност да ја посетиме Италија тогаш Италија можеме да ја донесеме во нашата кујна. Пробајте ги овие домашни италијански каноли со портокал, и изненадете ги вашите најблиски.

Потребни состојки:

  • 250 грама бело пченично брашно
  • 1 мала лажичка смелен цимет
  • 2 супени лажици кокосово масло
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1/2 кафена лажичка сол
  • 120 милилитри суво вино
  • 1 белка од јајце
  • Маслиново масло
  • 450 грама сирење рикото
  • 225 грама маскарпоне
  • 130 грама шеќер во прав
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • Кандиран портокал

Ставете ги брашното, циметот, кокосовото масло, шеќерот и солта во блендер, па добро изматете. Додека работи блендерот, додајте го виното. Тестото е готово кога ќе се обликува во кугла. Извадете го, покријте го со пластична фолија и оставете го да отстои на собна температура саат-два.

Поделете го тестото на половина, па развлечете го на површина просеана со брашно. Со помош на чаша исечете што повеќе кругови, па замотајте ги околу метални калапи за каноли. Премачкајте со белките за да се зацврстат. Испржете ги канолите во маслиново масло, оставете ги да се оладат, па отстранете ги калапите.

За да го направите филот, измешајте ги сирењето, маскарпонето, шеќерот во прав и ванилата. Ставете го овој крем во кеса за полнење или декорации на торти и наполнете ги канолите. Декорирајте со кандираните портокали, а потоа посипете го шеќерот во прав.

Постави одговор

Your email address will not be published.