Диpектopи теpaлe вpaбoтeни во „м*jчина“ пopaди лични фpycтpaции
На неколкумина вработени во Јавното Комуналното претпријатие во Делчево, изминатите неколку недели животот им се претворил во вистински пекол, објавува Инфомакс.
Имено, од непознати причини според извори на Инфомакс, врз вработените бил извршен мобинг, тие биле навредувани и вербално малтретирани од директорот Стојче Стојковски.
Според тврдењата на Дарко Гоцевски, долгогодишен вработен во претпријатието, на 10-ти август, бил заменет од неговата функција во претпријатието со друго лице, и тоа додека бил на годишен одмор без за тоа да биде информиран. Неколку пати вработениот се обидел да воспостави комуникација со директорот, но сето тоа завршило со вербален напад од страна на директорот кон вработениот.
Дарко Гоцевски не бил единствената жртва на мобинг во јавното претпријатие. Освен Дарко, жртва била и уште една вработена во ЈП Комуналец од Делчево.
Случајот е пријавен во Трудовата инспекција, а потврда за пријавата има од 11. август годинава. Оттаму пак, Гоцевски го информирале дека директорот се уште нема одговорено, а причината е неможноста да стапат во контакт со директорот кој бил на годишен одмор.
Претходно, градоначалникот на општина Делчево предизвика инцидент кога со камиони полни со песок блокираше влез на приватна компанија за технички преглед во општината.
Извор:Курир.мк