4 бои на облека што привлекуваат изобилство во животот
За многу растенија се верува дека привлекуваат љубов, среќа, богатство, а друг начин да привлечете богатство во вашиот живот е преку боите што ги носите. Секоја боја има своја посебна енергија и вибрации што можат да помогнат при привлекувањето разни работи, вклучително и љубов, но и пари. Какви бои треба да носите ако сакате да привлечете пари?
- Црвена
Луѓето кои носат црвено обично го прават тоа за да се претстават како самоуверени и моќни луѓе. Оваа боја е поврзана со моќта и со привлекувањето пари во живот.
Во Кина веруваат дека црвената е боја на изобилство и богатство. Тоа е причината зошто најчесто ја избираат таа боја за украсување. Ако сакате да го следите нивното верување, изберете црвена постелнина, црвени завеси или перници. Една од опциите е црвени нокти или црвен кармин.
- Жолта
Жолтата е боја што ја буди креативноста кај луѓето. Таа носи позитивна енергија и веднаш го подобрува расположението на сите. Поради сето тоа, жолтата е боја што привлекува нови можности, а најдобриот начин да стане дел од вашиот живот е симпатичниот жолт летен фустан. - Портокалова
Комбинацијата на црвена и жолта боја е всушност рамнотежа помеѓу силата и добрата енергија. Оваа боја ќе ви даде самодоверба што ќе ви помогне да издржите разни предизвици, дури и оние потешките. Исто така, за портокаловата се вели дека е боја што носи просперитет во животот. - Златна
Златната боја е вистинскиот избор кога барате начин да ја подобрите вашата финансиска состојба. Оваа боја се поврзува со животот, со светлината и со гламурот. Носењето на оваа боја или украсувањето на вашиот дом со златни детали, ќе ви донесете добри работи во животот.