Туристичките агенции бараат субвенции за плати

Туристичките агенции бараат Владата и Комисијата за заразни болести итно да го сменат протоколот за превоз на патници и да дозволат наместо со половина, автобусите да возат со полн капацитет. Образложението е дека во ниту една земја во светот нема одлука за такво ограничување.

Исто така, не отстапуваат ниту од барањето за субвенцвионирање на платите, без што, како што велат, ќе бидат приморани да стават клуч на врата, а со тоа, пропаѓаат сите можности за обештетување на стотици илјади граѓани кои уплаќале за своите патувања.

Одговорот на овие барања кои ги поставуваат како ултиматум очекуваат до сабота, 15 август. Во спртотивно, се закануваат со масовни протести и блокирање на улици.

– Дали авион со 150 патници е побезбеден од автобус со 50 во кој се почитуваат сите здравствени протоколи? Додека се донесува одлука за враќање на децата во училишта, имаат време и да го разгледаат овој проблем, се вели во соопштението од туристичките работници.