Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани нови 203 случаи на коронавирус, околу 100 повеќе од претходниот ден.
Починаа девет пециенти.
Од почеток на епидемијата заразени се 15.589 лица, а како последница од вирусот животот го загубија 104 лица. Активни случаи се 4.416, пренесува БТА.
Во моментов хоспитализирани се 715 пациенти од кои 64 се во тешка здравствена состојба.
Според информациите од Министерството за здравство, Бугарија се соочува со недостаток на медицински персонал бидејќи од вирусот се заразени 849 доктори.