Скандалозно обраќање на братот на Али Ахмети – Стремете се кон Албанија за да се спасите од оваа опасност
Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, преку видео порака во јавноста се обрати до Албанците, но истовремено и со скандалозни квалификации за Македонците.
Како можеме да бидеме браќа со непријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опасност, вели Фекри, изјавувајќи дека Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му дала име, но дала и храброст. „За храбри сте храбри, ова и самите го знаете, но каква полза има за татковината кога не е таа што била“, вели тој.
Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни. Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег, рече братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
О Албанци, соберете се денес за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога ќе постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии. Не се карајте, не се разделувајте оти непријателите тоа и го очекуваат, но братството чувајте го и нека цркнат во сопствениот инает. Не ги слушајте што велат тие дека сме исто племе со нив, така тие се навикнати да доминираат секогаш, тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат. Албанецот, велат дека не може да биде цивилизиран, затоа што нема јазик за пишување, вели Фекри Ахмети.