Одлични совети на руски психолог: Кога животот ви станува тежок и ве разочаруваат драги луѓе, сетете се на овие зборови
Разочарувањето, предавството и тешките животни удари се составен дел од животот и невозможно е да се одбегнат. Меѓутоа, можеме да одбереме како ќе реагираме на ситуацијата што ќе нè снајдат.
Кога ќе се најдете во тешка ситуација или ќе ве предаде некој близок, прочитајте ги овие зборови. Познатиот руски психолог Ирина Михлаковиќ дала 5 ненадминливи совети што секогаш можат да помогнат…
Препуштете ѝ се на ситуацијата и ослободете се од товарот на минатото, бидејќи премногу е тежок за да се носи на грб
Повторувањето на истата ситуација одново и одново доведува до негативни емоции и губење енергија. Наместо да се фокусирате на проблемот, донесете одлука да им се препуштите на негативните емоции и да се фокусирате на она што го носи иднината. Можеби на почеток тоа ќе ви биде тешко, но кога ќе научите како да го правите тоа, ќе се чувствувате послободно и полесно.
Понекогаш мора да се случат лоши работи за да ни го отворат патот кон некое подобро место
Многу полесно е да се обвинувате себеси за работите што не оделе онака како што сте планирале, но треба да сфатите дека некои работи нема да се случат и дека токму тоа ве штити од некои лоши ситуации. Една загуба отвора врата за нови можности. Сè се случува со причина.
Со лутината само си штетите себеси
Кога некоја блиска личност ќе ве повреди или предаде, колку и да ви звучи тоа невозможно, помирете се со тој факт. Со понатамошно продлабочување на караницата и размислувањата за повредата што ви е нанесена, само си штетите себеси и привлекувате негативна енергија. На тој начин си ја труете психата, а во краен случај, на удар е и вашето здравје. Опростете и обидете се да се фокусирате на позитивните работи во животот. Не дозволувајте да ве обземе сопствениот гнев.
Не трошете ги своите зборови на оние што не ги заслужуваат. Понекогаш најгласниот одговор е тишината
Едно од најдобрите решенија за одбегнување разочарувања е елиминирањето на негативните луѓе и на нивното влијание врз вашиот живот. Нема смисла да се обидувате да промените некого или да влијаете на нечии ставови. Многу подобро е да ги посветите своето време и енергија на изградба на односи со луѓето што ве поддржуваат и инспирираат.
Сè во животот може да се промени
Ако ве напуштат луѓето на кои сте навикнале и кои се вашата удобна зона, сетете се дека никогаш за ништо не е доцна во животот. Секогаш можете да почнете од почеток, да стекнете нови пријатели, а на оние што ви го свртеле грбот посакајте им среќен пат.