Како да бидете добра девојка без да се изгубите во врската?
Кога сте во врска, правите многу работи заедно и се трудите да испланирате заедничка иднина. Сепак, најздравите врски се оние во кои и двајцата партнери имаат свој живот надвор од врската. Погледнете што треба да правите за да не се изгубите во врската.
- Поддржете го во неговите цели – без да се откажете од своите
Понекогаш, сè што сака еден човек е да има некого покрај себе. Многу ќе му значи ако го поддржите во одлуките што ги носи и во целите што сака да ги постигне.
Тоа не само што ќе ја зајакне неговата самодоверба, туку ќе му покаже дека навистина сакате тој да биде среќен.
Ако сте подолго време во врска, веројатно имате некои заеднички сериозни планови. Но, ништо не треба да биде поважно од вашите лични цели. Продолжете да работите за да го постигнете она што го сакате и носете одлуки што ќе бидат од корист за вашата иднина.
- Одвојте време за него – и за себе
Важно е да му покажете на вашето момче дека тој е приоритет во вашиот живот. Одвојте време во кое целосно ќе му се посветите нему. Времето што го поминувате заедно треба да е непрекинато и посебно.
Имајте на ум дека може да биде тешко да се фокусирате на средбата со вашето момче ако не одвоите време и за себе.
Ако себеси си го посветувате вниманието што го заслужувате, тоа е најдобриот начин да бидете сигурни дека времето поминато со него ќе биде посебно. На овој начин, нема да се чувствувате како да немате енергија кога сте заедно.
- Поставете граници и држете се до нив
Ако одвреме-навреме сакате да бидете сами, поставете граници и така самите ќе си ја дадете потребната енергија за да бидете добра девојка.
Вашата врска сè уште ќе продолжи да функционира дури и кога ќе се ставите себеси на прво место. Овие граници ја покажуваат важноста на разбирањето и на компромисот.
- Потсетете го колку многу го сакате и покажете му дека се сакате себеси
Сите имаат различен начин на покажување љубов и без разлика дали ја изразувате вашата љубов преку зборови или преку физички допир, правете го тоа често.
Понекогаш заборавате да го потсетите вашиот партнер колку ви значи затоа што мислите дека нема потреба да му го кажете тоа.
Но, дали некогаш сте слушнале дека не можете да сакате некој друг без да се сакате себеси?
Секогаш мора прво себеси да си ги дадете љубовта и почитта што ги заслужувате. Имајте на ум дека ќе бидете подобар партнер ако немате потреба од неговата љубов за да ве надополнува.
- Интересирајте се за работите во кои ужива, но не заборавајте го сопственото хоби
Во што и да ужива тој, треба да го почитувате тоа. Поставувајте прашања! Вашето момче ќе сака да зборува за своите интереси и да ве вклучи колку што е можно повеќе.
Се разбира, важно е да имате и свое хоби.
Влегувањето во нова врска води кон промена од „јас“ во „ние“ и иако ова е забавен дел од тоа што сте пар, можеби ќе се чувствувате како да немате свои интереси.
Важно е да имате некои работи во животот само за вас. Можеби ќе одлучите да гледате филм без вашиот партнер или сами да одите на часови по јога.
- Бидете отворени за вашите потреби
Мажите не знаат да читаат мисли и затоа треба да бидете искрени во врска со вашите желби – без разлика дали тоа е неговиот пристап кон комуникацијата со вас или работите што правите во спалната соба. - Излезете со вашите пријателки
Не дозволувајте да ги изгубите најблиските пријателки. Во ред е да не поминете една вечер заедно со вашето момче. Уживајте во времето поминато со пријателките и освежете се. - Слушајте го партнерот
Слушањето и комуникацијата се клучни за успешна врска. Кога ќе се обидете да ја разберете перспективата на партнерот, ќе можете полесно да се справите со проблемите.
Слушајте го партнерот кога тој нагласува какво било чувство на тага, лутина или фрустрација. Бидете тука за него и бидете му поддршка за сè што треба врз основа на она што ви го кажува.
- Дајте му простор
Не е праведно да барате простор, а да не му дадете простор на вашиот партнер. Како што вас ви треба време само за себе, така му треба и на вашето момче.
Имајте разбирање ако тој рече дека сака да излезе со пријателите или ако сака да нарача пица за себе. Секогаш дозволувајте му да го прави тоа што го сака.
- Бидете му верна и бидете верна на себе
Да се биде лојална девојка е одличен начин да бидете добра девојка.
Ако го сакате вашето момче, треба да се однесувате така. Но, ако некогаш се чувствувате како да пропуштате многу работи затоа што не сте сингл, тогаш можеби сте се изгубиле во врската.
Секогаш следете ги вашата интуиција и вашето срце кога ќе бидете збунети.
Ако си верувате себеси додека сте во врска, ќе ја стекнете потребната самодоверба за да бидете најдобрата верзија од себе и најдобрата девојка.