Апсење на „Долно Блаце“
На 12.08.2020 во 17.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Република Македонија, бил лишен од слобода Л.А.(38) од Р.Албанија, бидејќи при извршените гранични проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол од Франција, информираат од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.