Автобусите ќе се полнат до 75 отсто од капацитетот при меѓународен и меѓуградски превоз
Автобусите во меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај ќе можат да возат со 75 отсто од капацитетот на превоз. Вака одлучила владата на денешната седница.
Како што соопшти владината прес-служба владата го прифатиле предлогот на Комисијата за заразни болести, да се изменат протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50%, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75% од вкупниот капацитет на возилата.