Лазаров: И ја утре треба да влезам во скафандер и на 35°c да прегледувам “прехладени” тинејџери што биле на викенд во Охрид??

И ја утре треба да влезам во скафандер и на 35°c да прегледувам “прехладени” тинејџери што биле на викенд во Охрид, а што ќе ми ги носат загрижени мајки заради 37.1 температура?
И да, ќе има има реконвалесценти од акутни алкохолни интоксикации а не стомачни вируси и тровања со храна, без блефирање.
Не се прехладени “децата”, “пресисани” се!
Каков примитивизам видов од млади луѓе, само нагони ги водат, со чесни исклучоци…
Напрајте и по некој тест на урина, не се пие толку алкохол “на голо”, премногу пари им давате очигледно.
Bad parenting викаат Енглезите, си ги гледате ли како ви се облечени децата воопшто, ако ништо друго?
После ви е крива инспекција, полиција, здравство, сѐ ви е криво за вашиот личен неуспех ко родители, зошто така е полесно!
Па и ја што сум бил у таверна со жена и дете ќе ви бидам крив, само вие не!

По тој повод Ненад Лазаров напиша статус на својот профил.

https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10219432694787254
Постави одговор

Your email address will not be published.