Две жени цел месец живеат на улица во скопски Капиштец а нема кој да им помогне

Во скопски Капиштец има две бездомни жени, од кои едната е на 90 години, другата околу 60 години и можно е да има психолошки проблем.

На улица се повеќе од месец дена, беа згрижени на краток период, но еве ги повторно на улица.

Повозрасната жена никој не ја прима бидејќи има пензија од 14.000 денари и е сенилна и наглува.

За овој случај на социјалните мрежи алармираше и актерката Ирена Ристиќ:

https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10158701273734726
Постави одговор

Your email address will not be published.