ЧОКОЛАДО И КОКОС – СОВРШЕНА КОМБИНАЦИЈА НА БРЗИ И ВКУСНИ БОМБИЦИ
Нема човек кој може да одолее на сладок и префинет вкус од чоколадо и кокос. Овие чоколадни топчиња се исклучително вкусни и лесни за подготовка. Изненадете ги вашите најмили со овој десерт во кој со сигурност ќе се заљубите.
Потребни состојки:
- 130 г кокос
- 3 мали лажички кокосово масло
- 3 мали лажички мед или јаворов сируп
- 2 мали лажички незасладено кокосово млеко
- ½ мала лажичка екстракт од ванила
- 1 прстофат сол
- 100 г темно чоколадо
Изматете 75 грама од кокосот заедно со кокосовото масло, додека смесата не стане како путер. Додајте го медот, кокосовото млеко, екстрактот од ванила и солта и добро промешајте додека не се поврзат.
Растопете го чоколадото на пареа и додадете го во останатите состојки.
Додадете го остатокот од кокосот и замесете ја смесата како тесто.
Обликувајте топчиња, увалкајте ги во кокос и оставете ги во фрижидер на 1 час.