Хакирани веб страната и службените мејлови на Министерството за здравство
Министерството за здравство информира дека е хакирана и, во моментов, не функционира веб-страницата на ресорното министерство. Не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.
Од Министерството истакнуваат дека во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираат.