Совршен десерт за летниот период – Крем торта со праски
Брз, лесен и едноставен рецепт кој со сигурност ќе го обожавате, посебно во летниот период. Вкусете го дрскиот вкус на праската преку совршена крем торта.
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици масло
- 3 лажици млеко
- 3 лажици брашно
- 1 ванилин шеќер
- 1 прашок за печиво
- излупени и сечкани праски
- 2 пудинзи од слатка павлака
- 600 милилитри млеко
- 1 шлаг крем
Започнете со подготовка на бисквитот – изматете ги јајцата, додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и продолжете со мешање. Додајте ги маслото и млекото, прашокот за печиво и брашното, па продолжете да мешате.
Истурете ја смесата во калап и печете 15 минути на температура од 200 °С.
Прелијте го топлиот бисквит со трите лажици млеко, наредете ги праските и над нив ставете го претходно зготвениот пудинг. Оставете да се излади, а потоа украсете со шлаг крем.