Насилниците кои ја претепаа девојката во Штип пуштени на слобода

На двајцата насилници, кои во јануари брутално претепаа 22 годишна девојка и притоа го снимаа монструозниот чин, им заврши притворот и се отпуштени од кумановскиот затвор. Иако Штипска апелација ја потврди пресудата на Основниот суд и затворската казна од по две и пол години е правосилна, осудените Стефан и Пепи на слобода ќе останат уште два месеци, – пренесе Алфа.

Мерката притвор определена против двајцата обвинети е продолжена до правосилноста на пресудата, но најдолго шеесет дена од изрекувањето на пресудата на истата како максимален период согласно законот, поради што осудените се отпуштени од Затвор Куманово на 30 јуни, информираат од Судот за извршување на санкции во Штип.

Одбраната на девојката меѓутоа тврди дека постои реална опасност насилниците да и се закануваат и да ги прекршат изречените правосилни времени мерки за заштита од насилство, со што ќе сторат уште едно кривично дело.

За издржување казна затвор треба да се јават после први септември, бидејќи со владина Уредба поради корона кризата е пролонгирано издржувањето на затворски казни до три години, освен за предметите за кои постои опасност од застарување, информираат од Судот за извршување на санкции во Штип.