Ковачки до Вице: Народот вели дека каде што има чад има и оган, а деновиве покрај Вице Заев има премногу чад

Ја слушнав аудио снимката во која брат и братучед на поранешниот премиер даваат дозвола чие возило треба да се запали, само затоа што дечкото бил многу активен во ВМРО. Згрозен сум од самата помисла дека такви појави се присутни во Македонија, во најблиските кругови на власта и дека тие се доживуваат како нормални. Се прашувам колкав треба да му биде ангажманот на некој за да не му биде запалено возилото, реагира по денешната објавена аудио бомба кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Народот вели дека каде што има чад има и оган, а деновиве покрај Вице Заев има премногу чад.

Обвинетиот Бојан Јовановски кажа дека торбата Луј Витон завршила кај Зоран и Вице Заеви, а сега слушаме и како Вице давал дозвола да се палат коли. (!!!)

Очигледно е дека колку повеќе пари имаш (а видовме дека сумите се милионски) толку повеќе имаш влијание и комоција за да издаваш наредби за уништување на имот на неистомислениците.

Ги повикувам органите на прогонот, веднаш да го испитаат случајот и да превземат соодветни законски мерки.

Не смееме да дозволиме да се претвориме во држава во која владеат законите на дивиот запад, туку мора да се однесуваме цивилизирано како што тоа се очекува од нас, од земја која мора да ги започне преговорите со ЕУ.

На 15 јули мораме да ставиме крај на Македонија потоната во криминал, корупција и рекет. Доаѓа време за одговорност. 15 јули е денот што треба да не’ обедини како ден кога сите заедно ставаме крај на криминалното владеење на Заеви, вели во својата објава Ковачки

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/158243059133160