Канадските совети за безбеден с*кс во време на пандемија успеаја да го насмеат светот во овие тешки времиња
Можеби целта не им беше таква, но канадските совети за безбеден секс во време на пандемија успеаја да го насмеат светот во овие тешки времиња.
Смеата на сите ни е потребна, а канадските власти баш се потрудија да нè расположат. Здравствените служби на сојузната држава Британска Колумбија објавија совети за безбеден секс среде пандемија кои изгледаат искрено, но се на прв поглед смешни.
Листата со совети наречена „COVID-19 и секс“ е објавена оваа недела од Центарот за контрола на болести на Британска Колумбија и стана главна тема на социјалните мрежи
Советот е дека во овие тешки времиња мастурбацијата би можела да биде најдобра опција, истакнувајќи дека „вие сте си ваш најбезбеден сексуален партнер“.
„Доколку на некој и понатаму му треба друштво, а се чувствува здраво, за време на чинот би требало да носи прекривка или маска за лице и да избегнува бакнување“, стои во листата.
Сексуалните играчки не треба да ги делите со други.
„Мијте ги играчките темелно со сапун и вода пред и по употреба“.
Се додава партнерите да избегнуваат допири по лицето, сугерирајќи употреба на маски и прегради дури и за време на орален секс.
„Користете прегради како ѕидови или дупки во ѕидовите кои ви овозможуваат секс, но спречуваат близок контакт лице в лице“, советуваат Канаѓаните.
Новата листа на Британска Колумбија е инспирирана од претходно објавен документ на здравствените власти во Њујорк.