ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО – ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Вчерашен гостин на Катерина Гетева во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа беше Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Проф. Др. Хрстијан Мицкоски.
Во интервјуто стана збор за повеќе теми. Првата и најсвежа од временска дистанца беше предизборниот поткуп . Мицкоски истакна дека предизбирниот поткуп е вршен преку институциите, повеќе од 300,000 граѓани беа корисници на картичките и ваучерите – тоа е класичен предизборен поткуп – поделени беа 28.000.000 евра. Тука е и зелената нафта – делење на картички за зелена нафта од страна на висок финкционер на СДСМ кај „подобни“ луѓе и црни пари, односно пари на рака, од прилика 10.000.000 евра се поделени. Тука се и пријавените лица за поткуп за време на изборниот ден. Но, тој истакна декане очекува да реагира ЈО бидејќи сето тоа прво е завршено, а второ работи по диктат на Заев. На прашањето зошто ВМРО – ДПМНЕ не реагираше за ова, Мицкоски одговори дека не сакавме да оставиме дамка пред почетокот на преговарачката рамка. Но исто така изјави и дека вината ја превзема на себе зошто не реагира за ова девијантно однесување. Затоа според него, овие избори се најнедемократски. Имотот на партијата е сеуште замрзнат, но партиското финансирање било исплатено само неколку дена пред изборите само 30% од сумата која им следува.
Претседателот Мицкоски изјави и дека во пет до 12 се измени изборнот законик со уредбата со сила на закон со која на ВМРО му беа одземени на пола време за рекламирање во споредба со СДСМ. Сето тоа го доведе ВМРО – ДПМНЕ во подредена положба. Сето тоа е нефер и недемократски. Но, заради интересите на државата и народот, продолживме витешки да се бориме. МВР има поднесено неколку пријави до обвинителството за ова, исходот сеуште се чека.
Стана збор и за тоа зошто не се реагирало и преку членовите на Техничката Влада кои беа предложени од ВМРО – ДПМНЕ. Но, факт е дека тие кадри беа тотално маргинализирани и надгласувани. Сепка, тој истакна дека ова не е правдање – ВМРО – ДПМНЕ освои 315,000 гласа од страна на опозиција без никаква поддршка и ресурски од локалната самоуправа. Градоначалниците на СДСМ беа олицетворение на вонинституционален поткуп – сето тоа е нефер правила на игра. Повторно тој нагласи дека се што можеле направиле за заштита на народот и државата. „Влеговме, се боревме витешки, но, за жал, во овој момент сме во завршница „егал“ – истакна Мицкоски.
Претседатело исто така истакна и дека чувствува одговорност за изборниот резултат, но кукавички ќе биде од негова страна сега да си даде оставка со оглед на поддршката која ја има. „Не успеавме да убедиме огромна група на луѓе дека сме поразлични и дека имаме концепт поразличен од оној на противникот. Од првиот ден зборувавме за проектот „Обнова“ – истакна тој. Без разлика што ќе се случи понатаму, кој и да формира Влада, голем дел од проектите од Програмата „Обнова“ ќе бидат предложени и ќе се борат за нив бидејќи некои од нив живот значат.
На темата како да се справиме со реалните проблеми, Мицкоски истакна дека денес ќе заседава Регулаторната Комисија за дефинирање на новата цена на електричната енергија по барање на компаниите кои заради лошиот менаџмент, партисиките вработувања работат со загуби и бараат зголемување на цената на електирчната енергија. Справување со пандемијата, почетокот на школската година во образовниот процес, големата економска криза која допрва следи, пописот, првата меѓувладина конференција за отпочнување на преговорите, локалните избори – сето тоа се реалните проблеми и наместо да се размислува за собирање на брилијантни умови кои ќе се справат со ова, ние се занимаваме со ниски страсти.
Најавени се и кадровски промени во партијата, тоа го наметнува и новиот статут на партијата. „ВМРО – ДПМНЕ се движи напред во конструктивен правец и време е конечно да расчисти со деструктивните бивши членови кои парават штета на партијата – тоа се луѓе кои се седнати во скутот на Заев и тие се најзаслужни за тоа што СДСМ седнаа во влада. Потребна е катарза во партијата“ – истакна Мицкоски. „Отворени се конкуси за Претседатели на Унија на Млади Сили и Унија на Ветерани, ќе следат конкурси за нови претседатели на општински комитети, и очекувам партијата да функционира понатаму и да извојува победа на локалните избори, независно дали ќе формираме сега влада или не – со реструктуирање и нова кадровска политика“.

Во интервјуто стана збор и за деструктивните бивши кадри на ВМРО – ДПМНЕ, како Мијалков, Тодоров, Рангелова. Тие кадри се оние кои најмалку треба да „плукаат“ по Христијан Мицкоски и партијата бидејќи тие се тие кои ја доведоа партијата до ова каде што е сега.
„Мијалков е исклучен во 2018 од партијата, иако се слушаат шпекулации за начинот на кој тој ќе се справел со структурите на ВМРО. Тие луѓе одработуваат за Заев и ако не одработат ги чекаат процеси против нив. Тоа им е билет за да не се соочат со кривичните дела против нив силно логистички поддржани од Заев. Но, ВМРО – ДПМНЕ останува фокусирано на сопствената катарза и против СДСМ предводено од ова раковосктво и Зоран Заев“ – рече Претседателот. Тој исто така кажа и дека на неколкумина пратеници им било пријдено од луѓе блиски до самиот врв на СДСМ и нудени им се 6-7 цифрени бројки во евра, но биле брутално одбиени од нив. „Тоа е поткуп на демократијата – граѓаните гласале за една политичка опција и наеднаш тој пратеник да ја смени страната. Тоа е срам, буквално како на пазар. Но ова не е прв пат и мора да се стави крај на сето ова еднаш за секогаш. Тоа е начинот на фукционирање на ова раководство на СДСМ – скандалозно и срамно“, заклучи Мицкоски.
Што значи ВМРО – ДПМНЕ не би формирало влада по секоја цена? Тоа значи дека секоја идна влада во која ќе биде ВМРО – ДПМНЕ е онаа во која ќе се зборува за програмата, за доброто на народот и државата, за силен економски раст колку што е тој возможен во овој момент. „Хендикепирани сме во овој момент бидејќи не успеавме да се справивме со пандемијата. Како е ситуацијата под контрола, а бројките се зголемуваат од ден на ден?!?!?!? Но, Монти Пајтон шоуто мора да заврши и граѓаните да видат дека сите не се исти“ – додаде Мицкоски.
Брзиот кредит од Светска Банка не беше потпишан од Гордана Димитриеска затоа што најмалку беше за помош на здравството. Тој беше наменет за картичките кои беа поделени – помалата компонента беше за справувањето со пандемијата, поголемиот дел беше за Министерството за Труд и Социјала. Но, ете, тие најдоа начин да го направат тоа и потоа тргуваа со вољата на граѓаните кои ги добија. Секој кредит кој беше во функција на државата и граѓаните ВМРО – ДПМНЕ го поддржа, но не и поткупот.
Влада на широка коалиција не може да функционира така како што треба, истакна тој. Предизвиците кои следат ќе бидат сериозни, но сите мора да се обединиме, општествено да се обединиме за да ги совладаме сите предизвици. Прво со финансискиот предизвик кој ќе дојде, за макро економската стабилност. Здравството е катастрофа, не се знае што со образованието, но искуството кажува дека широка колаиција не функционира бидејќи имаме работа со политички незрели луѓе кои прво го ставаат партискиот и личниот интерес пред државните интереси. Луѓето живеат тешко, а уште потешко ќе живеат од септември. Сега треба да се разговара за општествено заздравување на државата, но за жал немаме соговорник од другата страна, си отидоа на одмор.
Првото поглавје за отварање во рамките на пристапните преговори за членството во ЕУ е владеење на правото – тоа треба да е непристрасно, праведно и правично водење на судски процеси. Претседателот изјави дека без разлика за кој предмет станува, родител да му е, брат, сестра, ако се огрешил пред законот ќе одговара. „Ние имаме се, но немаме независно судство. Сваровски судството премина во Луј Витон судство – примерот со Димишков и неговата сестра која го замрзна имотот на ВМРО – ДПМНЕ“ посочи Мицкоски. Ситуацијата е парадоксална и луѓето веќе губат надеж дека може да има независно судство. Во првите 100 дена од формирањето на Владата ВМРО – ДПМНЕ ќе бара да се изгласа закон за потекло на имотот на политичарите. „Да направиме стаменит и независен судски систем. Но, треба општествено да се мобилизираме со брилијатните умови кои ги имаме во државава, бидејќи ќе биде многу тешко“ – кажа Мицкоски.
Стана збор и за Статутот на ВМРО ДПМНЕ кој се смени. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ истакна дека сега е исклучително квалитетен и реформски. Се ограничи времето на мандатот на претседателот на партијата, органите на партијата ќе бидат бирани од самото членство како на пример претседателите на Општинските Комитети, кандидатите за градоначалници, советници, ќе се воспостави суд на честа, се ограничува и членството во управните одбори, луќето на која и да се функција, да немаат повеќе од два мандати на иста функција. „Направен е сериозен исчекор, реформско дело за европска партија“ – заклучи Мицкоски.