Денеска се прославува чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица
Денеска се прославува чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица.
По преданието припаѓа во редот на неракотворни икони или икони кои ги иконописал апостол и евангелист Лука, првиот христијански сликар.
Иконата го добила името во 8 век. Во тоа време се појавило иконоборството, а еден од најголемите противници на таа ерес бил Јован Дамаскин, тогаш се уште световник. Затоа што пишувал против иконоборството, му била отсечена десната рака.
Држејќи ја отсечената рака со здравата рака, Јован Дамаскин се молел пред иконата на Пресвета Богородица да му ја исцели раката за да продолжи и понатака да пишува за почитувањето на светите икони.
И чудо се случило, раката му била исцелена. Во знак на благодарност светителот им дал на златари да направат рака од сребро и да ја стават на чудотворната икона.
После чудото Јован Дамаскин се замонашил. Монашкиот живот го поминувал во лаврата на свети Сава Ерусалимски, носејки ја со себе и чудотворната икона на Пресвета Богородица Тројеручица.
Денеска е обичај да сите верници да се помолат и да ги изговорат зборовите на Богородица: Не ја заборавај сродничката припадност на мајката Божја, сите верници го почитуваат образот на твојата икона.