Гордана Силјановска Давкова – Сите редовни студенти на државните универзитети за академската 2020/2021 целосно ќе бидат ослободени од партиципација
Носителот на листа во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на својата фејсбук страница напиша статус дека неспособноста на оваа влада довела безброј семејства на работ на егзистенцијата.
Во продолжение може да го погледнете нејзиниот фејсбук статус.
” Оваа неспособна власт доведе безброј семејства на работ на егзистенцијата.Се обврзуваме дека сите редовни студенти запишани на државните универзитети за академската 2020/21 година ЦЕЛОСНО ќе бидат ослободени од плаќање партиципација. Се грижиме за сите! Повеќе за секого!”