Бoмбa на Љупчо Палевски: Открива дека пред референдумот биле прислушкувани новинари, политичари и активисти на движењето „Бојкотирам“
Љупчо Палевски на прес-конференција открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето „Бојкотирам“, пренесува Инфомакс.
Кодното име на операцијата е „Атлантик“ и истата се одвива во период пред референдумот кога се следат сите противници на промената на името и против нив се калемат тешки обвинувања за домашен тероризам и македонски екстремизам.