Ахмети потврди: Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера гостуваше во албанската телевизија Сури ТВ (Syri TV), и на прашањето на модераторот зошто лидерот на СДСМ, Зоран Заев на неговите митинзи има оштра реторика против ДУИ и најавува дека ДУИ ќе оди во опозиција, Ахмети одговори дека Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол.
Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок, кажа Ахмети, пренесува ТВ21.
Претходно, самиот Заев потврди дека милува алкохол. Во извинување до шарените „револуционeри“ кои ги нарече шути и рогати и кажа дека во коалиција ќе им ја е.е мајката, тој призна дека по 2 часа и 17 минути во кафеана, се случувале грешки, признавајќи директно пред македонската јавност дека таму конзумирал алкохол.