Вториот по големина град во Австралија Мелбурн, повторно ќе биде ставен под целосен карантин поради зголемување на случаите со коронавирус – изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.
– “ Ситуацијата со коронавирусот сега е покомплицирана од пред неколку месеци, мора да се преземат строги мерки за да се избегне трагедија“. Изјави Ендрус
Како што пренесуваат светските агенции, повторното воведување на ограничувањата за излегување од дома ќе биде за шест недели.