Моќни цитати на маестралниот Леонардо Ди Каприо кои ќе ве воодушеват

Откако прв пат се појави на екранот во 1979 година, Леонардо Ди Каприо издлаби импресивна кариера во телевизијата и филмот, извишувајќи се на меѓународна слава откако го глумеше Џек во епската романса Титаник.

Прочитајте ги овие цитати од легендарната холивудска ѕвезда и дозволете си од нив да добиете инспирација за вашиот живот:

Leonardo DiCaprio PR approval required

„Јас не сум тип на човек којшто се обидува да биде кул или тренди. Јас сум дефинитивно индивидуалец.“

„Доколку можеш да продолжиш да го правиш, она што знаеш најдобро да го правиш и притоа да си среќен, тогаш ти веќе си понапред во животот од поголемиот број луѓе.“

„Да бидам искрен, мислам дека никогаш не очекував да добијам Оскар, бидејќи истиот не е мојата мотивација кога ги глумам улогите. Ме мотивира тоа што имам можност да работам со неверојатни луѓе и да создадам дело, на коешто ќе можам да се навратам со гордост.“

„Најдобрата работа во врска со глумата, е тоа што можам да се изгубам себеси во некој друг лик и плус да бидам платен за тоа… Тоа е одличен излез. Не сум сигурен кој во суштина сум – по сè изгледа, се менувам секојдневно.“

„Сакам да патувам заедно со пријател… Сакам покрај себе да имам некој којшто ќе ме враќа назад кон корените, кон она што јас сум. Тешко е да се биде сам.“

„Никогаш не сум бил Ромео, кој сретнува некоја девојка и се „затрескува“ во неа во истиот момент. Напротив, за мене заљубувањето бил многу побавен процес, секојпат кога сум бил во врска.“

„Не можам да сфатам зошто не би можел да имам пријатели од двата пола, без да циркулираат жестоки гласини поради тоа. Тоа е лудост!“

„И јас сакам да бидам кретен како и моите пријатели, да се забавувам и да не се грижам за последиците од моето однесување, но јас едноставно не можам да го правам тоа сега.“

„Привлекував внимание во школо, преправајќи се дека сум хендикепиран, скокајќи наоколу со ‘деформирана’ рака.“

„Многу е лесно да паднете во стапицата на верување, во сето тоа што во јавноста се пишува за вас… Кој знае? За неколку години, можеби ќе ме пронајдете и во психијатриска болница!“

„Отсекогаш сум бил спонтан и дружељубив… Имам пробано многу нешта во животот, што значи дека имам доста големо искуство, а тоа е добро бидејќи имам доволно материјал со којшто можам да работам како актер.“

„Каде и да одам, некој ме зјапа и не можам да сфатам дали тоа го прават бидејќи ме препознаваат или бидејќи мислат дека сум чудак.“

„Мојата мајка, Ирмелин ме научи за вредностите во животот. Таа е чудо во движење, а нејзиниот живот бил спасен од страна на мојата баба, во Втората светска војна.“

„Јас претпочитам обични девојки, како на пример студентки, келнерки и слично. Повеќето од девојките со коишто излегувам ми се само добри пријателки. Само затоа што ќе отидам во кино со некоја девојка, тоа не значи дека ние сме во врска.“

„Успеав да си го задржам умот бистар и здрав во шоубизнисот, бидејќи настрана од камерите, не заборавив како да бидам дете.“

„Јас навистина не знам што правам… Не знам. Ужасно е. Влегувам таму и учам како да се однесувам согласно со ликот којшто го глумам, се трудам најдобро што умеам и тоа е сè што јас навистина правам.“

„Да ме нарекуваат секси фраер, на некој начин ме вознемирува и ми создава непријатно чувство.“

„Најверојатно нема да се оженам, освен ако не живеам со партнерката минимум 10 или 20 години. Но, овие луѓе (Ромео и Јулија) ја искористија шансата и го сторија тоа. Ние ја немаме храброста којашто Ромео ја имаше.“

„Немојте ни за момент да помислите дека јас сум сличен на ликовите коишто ги имам глумено. Не сум. Затоа професијата се нарекува ‘глумење’.“

„Секој во животот, има поминато низ нешто коешто го има променето на начин што, никогаш нема да може да се врати назад на личноста којашто некогаш била.“

„Само ти и никој друг може да ја промени твоја ситуација. Немојте вината да ја префрлате на некој или нешто друго. “

„Погрешните контакти ќе ви носат шок во текот на животот, но вистинските ќе го осветлат вашиот живот.“

„Доколку го направивте најдоброто што можете, грижата околу тоа нема да промени ништо. Ако сакате да биде успешни, почитувајте само едно правило – продолжете напред.“

„30 години е многу добра возраст за еден актер: на овие години можеш да глумиш и млади и стари мажи.“

„Бидете им благодарни на тешките периоди, бидејќи тие ве направиле она што сте денес.“

„Никогаш не дозволувајте му на неуспехот да ја преземе контролата врз вас.“

„Љубовните врски се како електрична струја.“

„Обрнувајте посебно внимание на луѓето коишто не ви аплаудираат кога победувате.“

„Секој од нас го имаат оформено спомените коишто ги имал кога бил млад.“

„Работете сè до оној момент, кога сумата во банка ќе започне да изгледа како телефонски број.“

„Љубов на прв поглед? Дефинитивно верувам во тоа! Мораме да ја задржиме вербата дека такво нешто постои. Мислам, на кој не му се допаѓа идејата да сретне некоја утре и таа жена да биде љубовта на неговиот живот? Тоа е толку романтично.“

„Убијте ги со успех и закопајте ги со насмевка.“

„Јас сум 97% сигурен дека не ви се допаѓам, но сум 100% сигурен дека не ми е гајле.“

„Поздрав до сите мои хејтери, имате уште многу нешта да очекувате од мене!“

„97% од луѓето коишто се откажале премногу рано, се вработени кај тие 3% проценти коишто никогаш не се откажале.“

„За да се приклучите на тој 1%, морате да го правите она што 99% не се осмелуваат да го направат.“

„Јас ќе успеам и ниедна сила во овој свет нема да ме спречи во тоа.“

„Ова е бизнис! Оставете ги вашите емоции пред вратата.“

„Живели на сите оние коишто се сомневаа во мене.“

„Заљубете се во личност којашто ќе ужива во вашето лудило, а не во некој идиот кој ќе ве принудува да бидете нормални.“

„Работете сè до оној момент, кога нема да имате потреба да се претставувате себеси.“

„Насмејте се, климнете со главата, согласете се и направете го токму она што го планиравте претходно.“

„Луѓето сакаат да се однесуваш како налудничав, разгален тинејџер, кој е надвор од секаква контрола. Тие сакаат да бидеш мизерен, исто како што и самите тие се. Тие не сакаат херои, она што сакаат е да видат како не успеваш.“

„Браќата не мораат да си кажат ништо еден на друг. Тие можат да седат во иста соба, да бидат заедно и сосема удобно да им е во тишината.“

„Во поголемиот дел од времето, чувствувам дека ми треба да имам некој покрај себе, кога се чувствувам осамено. Но, и покрај тоа, сепак можам да излезам на крај со моето сопствено друштво, а тоа ме прави посилна личност.“

„Сакам да се пикнете себеси во ќош и да не си дадете ниеден друг избор, освен успех. Нека последиците од неуспехот бидат толку лоши и незамисливи за вас, што нема да имате никаков друг избор, освен да направите сè што е потребно за да успеете.“

„Кога бев млад, сакав да видам буквално сè. Си мислев: ‘Како би можел да умрам еден ден, без да го видам секој сантиметар од овој свет?’“

„Сакам да правам нешта коишто ме плашат. Бев на скокање со банџи, но летање со падобран е најкул нешто!“

„Секогаш имам чувство како да се возам на луда железница, од којашто не сакам да се симнам. Чувството е, како да си малку хај цело време!“

„За да го работам ова што го работам, морам да ја одржувам мојата страст во животот.“

„Никогаш не ме биваше за училиште. Не можев да останам фокусиран на нешта, коишто не сакав да ги учам и не ме интересираа.“

„Мојот татко, Џорџ има извршено влијание врз изборите коишто ги правам во животот, кога станува збор за филмовите. Сакам да глумам улоги коишто ги преземаат шансите во животот, коишто кажуваат нешто различно или експериментираат. Растејќи со него, јас без окружен од различни уметници, не само актери или продуценти туку и поети, автори и карикатуристи.“

„Мерил Стрип прави работи, коишто никогаш не сум ни помислил дека се возможни… Нејзиното присуство на екраните е извонредно.“

„Вчерашниот освоен Оскар ми претставува неверојатна чест, но воедно ова е и многу важна шанса да покренам повеќе внимание за климатските промени. Минатата година беше најжешката во запишаната историја. Климатските промени се реални и се најстрашната криза којашто му е позната на светот и се случува во моментов. Мораме да ги поттикнеме лидерите коишто не зборуваат за корпоративни интереси, туку зборуваат за нас, за децата на нашите деца и за оние чии гласови не можат да бидат слушнати. Преземете акција!“

„Не знаев во каков тип на филмови сакам да глумам. Само знаев дека сакам да правам нешто различно. Си давам доста време за секоја улога да ја изведам како што треба.“

„Секоја со којшто сум, мора да ми даде слобода. Сакам да бидам со некоја којашто има карактер, сопствен стил и огромно разбирање.“

„Јас пораснав кога имав 15 години, кога ја имав мојата прва прилика да глумам во филмови. Го изгледав секој добар филм што постои во текот на една година ипол и оттогаш се прашувам како би можел да ја имитирам таа моќна уметност. Тоа е мојата вистинска мотивација. Сакам да направам нешто подеднакво добро, како што имаат направено моите херои.“

„Интересниот дел од шоубизнисот, е тоа што посетуваш различни држави, заедно со твоите пријатели и сето тоа е платено од страна на студиото.“

„Секој пат кога сме занесени од љубовта кон некоја личност, имаме безброј причини да веруваме дека таа е вистинската личност за нас. Тоа не мора да е некоја навистина добра причина. На пример, може да биде моментот кога сте правеле фотографии од вечерното небо. Е сега, на долг рок, истите причини коишто првенствено сте ги сакале, се претвораат во најглупавата, иритирачка навика, којашто ќе доведе до раскинување. Но, во љубовната магла, таа личност изгледа како е да сè што сте посакувале во животот.“

„Кога бев мал живеев во гетото на Холивуд – тоа беше најодвратното место на коешто може да живее човек. Без познат како лудото, мало дете. Правев имитации. Подоцна, сфатив дека не сакам да го правам повеќе тоа. Не сакав да бидам комедијант, со цел да ги задоволам другите луѓе.“

„Последното нешто што би сакал, е еден ден да се претворам во дебел холивудски кретен. Израснав со малку пари и бев среќен. Не мислам дека треба цел живот да вложувам во постигнување успеси и заработување пари и да завршам алчен и со голема, дебела глава. Тоа само води кон несреќен живот. Сè уште можам да бидам корисен и способен.“

Постави одговор

Your email address will not be published.