Четворица УАПСЕНИ ЗА ЗНАМЕТО, минимална казна е година дена затвор, уште четворица за тепачка
Во текот на вечерта се уапсени осум лица, извести министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Четири од нив се уапсени заради тоа што учествувале во тепачка, а другите четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомнение дека сториле кривично дело 319 од Кривичниот законик коешто се однесува на предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, каде што е предвидено минимална казна од една година затвор. За нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, рече Тошковски.
Едно од нив е малолетник, другите се млади лица од 18 до 21 година додаде министерот Тошковски.
Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвкаат било какво сценарио за дестабилизација на државата. Жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици–, рече Тошковски.
Во текот на вечерта, како што посочи, целосно се расветлени повеќе случаи, дел се решени делумно, а во голем дел од случаи полицијата ќе постапува и следните денови.
Тошковски ги повика сите оние кои имаат информации за вчерашните инциденти да ги достават до Министерството за внатрешни работи.
Comments are closed.