Новак Ѓоковиќ триумфира на турнирот од серијата Мастерс 1000 кој се игра во Париз откако во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров. Ова воедно е седми триумф на Ѓоковиќ на мастерсот во Париз.
Далеку полесно од претходните три меча во кои играше по три сета, денеска за 100 минути игра, Новак славеше со 6:4,6:3 и по 40-ти пат тримфира на мастерс-турнирите.
Во првиот сет, само еден брејк му беше доволен на Ѓоковиќ за да поведе со 1-0 во сетови. Брејкот го направи во седмиот гем за водство од 4-3 по што предноста ја задржа со сигурен сервис во двата гема во кои не му даде ниту еднаш шанса за брејк на Димитров.
За Србинот, денешниот меч беше многу полесен отколку претходните три меча во кои многу се мачеше и мораше да игра три сета за да ги совлада Рубљов, Руне и Грикспор. Не само што работата ја заврши за помалку од 100 минути, туку на Димитров не му даде ниедна брејк топка.
Ова е негов 40. Мастерс трофеј и вкупно 97. титула во кариерата која најверојатно ќе го остави на чело на АТП листата до крајот на годината, а со тоа ќе ја надмине бројката од 400 недели на врвот. На утрешната ранг-листа, разликата меѓу него и Алкараз ќе биде 1.490 бода, а завршниот Мастерс кој почнува кон крајот на неделава носи 1.500 бода.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.