Saturday, December 2, 2023
домаВЕСТИЕкипата на МРТ освои награда во Милано, Италија, за документарецот „Среќна 13ка“

Екипата на МРТ освои награда во Милано, Италија, за документарецот „Среќна 13ка“

Двоецот Тони Стојановски, што се појавува како сценарист и продуцент и Тони Ристовски како режисер, го изработија документарецот “Среќна 13-ка” посветен на Благоја Георгиевски Буштур, наш најдобар кошаркар во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.

На финалето на Светското првенство за спортски филмови и ТВ, каде годинава учествуваа конкуренти од 5 континенти и 130 филмови, после селекција од континенталните првенства во категорија документарци – тимски спортови, тие ја освоија Почесната Награда.

Ова првенство е поддржано од Интернационален Олимписки Комитет и е голем успех за претставниците на Македонската Радио Телевизија.

Покрај наградата, интересен е фактот што Стојановски го објави на својот фејсбук профил каде посочи дека тоа што политичарите не успеваат да го направат, спортистите успеваат, алудирајќи на името на државата која е напишана на плакетата: МАКЕДОНИЈА!

„Сè што сторивте 30 години, ќе поправиме.
Само МАКЕДОНИЈА е вечна“, напиша Стојановски.

последно додадени

последно коментирани