Милошоски: Невенчаната сопруга на сопственикот на веледрогеријата „Пановски“, ДИРЕКТОРКА ВО СЕНКА НА ОНКОЛОГИЈА
Прашање на месеци и на години е кога ќе ни се повтори скандалот со Онкологија доколку не се смени системот кој го изградиле МАЛМЕД, веледрогеријата Пановски и Министерството за здравство, предупреди денес пратеникот Антонија Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој на денешната седница на Анкетната комисија за Онкологија, праша која е улогата на професор доктор Снежана Смичкоска во лекарскиот конзилиум на Клиниката за онкологија и колку таа придонесува во носењето на одлуките за оваа клиника.
Прашањето на Милошоски беше упатено до директорката на клиниката Виолета Клисаровска која беше сведок на Анкетната комисија.
Според неа целта на онколошкиот конзилиум е рационализација во препишувањето на лековите според медицина базирана на докази и според критериуми.
– Додека професорката беше во редовен работен однос на нашата клиника како раководител на еден од клиничките оддели беше член на конзилиумот. Тоа беше до 30 септември, откога докторката е во пензија и не е повеќе член на онколошкиот конзилиум, одговори доктор Клисаровска.
Но, потоа Милошоски праша дали Клисаровска знаела дека доктор Снежана Смичкоска е во партнерска заедница со сопственикот на веледрогеријата „Пановски“.
– Да, секако дека знаев, меѓутоа професорката работи години наназад, целиот свој работен век е во клиниката. Тој податок го имав, не кријам, нема зошто, одговори Клисаровска.
Милошоски потоа изјави дека клиниката не може да ја промени доминантната позиција на веледрогеријата „Пановски“, но веледрогеријата „Пановски“ може да промени директор на клиниката.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.