СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА – ГРАТИС ОД НАРОДОТ

„Автосообраќајниот училишен центар ,,Боро Петрушевски” на Град Скопје има склучено договор јавна набавка за дводневна обука на вработените во Ниш, Р.Србија.

Договорот е потпишан од страна на Горанчо Николовски, поставен на позицијата директор во време кога градоначалник беше Петре Шилегов и истиот се уште директорува и во мандатот на Данела Арсовска.

Вредноста на оваа Јавна набавка е до 9.750€ без ддв, односно 11.500€ со ддв.

Како техничка комисија ја одобруваме секоја обука за усовршување на вработените, добивање на нови знаења, нови искуства и вештини. Но никако не ги одобруваме побарувањата кои се наведен во договорот. Се бара сместување во хотел во Ниш, Република Србија со минимум 4 ****(ѕвезди) на база на полупансион со 1 (едно) ноќевање со појадок и СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА СО МУЗИКА.

Која е потребата за свечена вечера со музика со народни пари, може да одговори само директорот!

Или кога веќе не плаќа од сопствен џеб да искористи и да се луксузира на грбот на граѓаните“, се вели во соопштението на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.