МВР на радар фати возач кој возел со 246 км на час

о текот на вчерашниот ден (17.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 244 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 99 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.

Како што објави полицијата, двајца возачи се движеле со неверојатни 222 и 246 километри на час!

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.