„Сложни криминалци и во петок мрсат, СДСМ на Велики Петок во одбрана на Арсовска“

Несодржајните и клеветнички прес конференции на СДСМ за време на најтешкиот ден во Христијанството Велики Петок говорат за очајот во партијата соочени со сериозни обвиненија за криминал и непочитта кон овој празник и вернициите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на рпес конференцијата на Васко Кичевски од СДСМ.

Година и пол по одржаните локални избори се уште го чекаме отчетот на градоначалниците на СДС бидејќи за цел овој период ниту еден од нив нема отчет, затоа што и немаат со што да се пофалат, велат тие.

Додаваат дека од друга страна ја разбираат задачата на дежурниот во СДСМ да ја оправда Данела Арсовска која е во неформална коалиција со власта и дека сложни криминалци и во петок мрсат, но вистината едека и СДСМ и Арсовска треба да се извинат што го клеветаа и ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот Мицкоски и поранешниот директор на Водовод Перински за договорот за пречистителна станица кој истиот Арсовска и Владата го потпишаа.

– Оттука имајќи ја во предвид целата соработка на СДС и Арсовска во градот Скопје, срамот на Арсовска од неработата и неспособноста припаѓа на тие кои ја поддржуваат, а тоа се СДС, ДУИ и партијата на македонскиот Енвер Хоџа Апасиев, Левица, велат тие.

Потенцираат дека што се однесува за Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тие за година и пол имаат повеќе проекти сработено од сите градоначалници на СДС и цела Влада заедно, со сите опструкции, и кочења кои ги имаат од централната власт.

Тие на крај истакнуваат дека јасно им е дека Васко Кичевски е жртвеното јагне на СДСМ, но тој млад господин нека се спреми за отчет за својата улога во набавката на софтверот за смс пораки во Паркинзи Центар додека беше одговорен во оваа институција за кој постојат основани сомневања дека е криминален.

Претходно Кичевски обвини дека немало ништо од новите мега паркови, не се исчистија ниту постоечките диви депонии, но затоа нови  диви депонии никнуваат во секоја скопска населба.

– И постоечкото зеленило е на удар на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ а последен пример за тоа е Деталниот урбанистички план на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за населба Лисиче со кој треба да се градат десетина висококатници во оваа населба.  Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје, Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на градот.  Поради нејзината неспособност и поради кавгите за медот со ВМРО-ДПМНЕ Скопје денес нема функционален јавен превоз, рече тој.