МИНИСТЕРКА НА НАСЛОВНА: Марлен мета на јавноста зашто се сликаше за ПЛЕЈБОЈ

Француската министерка Марлен Скиапа е цел на напади, дури и од членови на сопствената партија, откако застана разголена пред објективот на Плејбој. Четириесетгодишната Скиапа, долгогодишна активистка за правата на жените, позираше за насловната страница на „Плејбој“ и даде интервју на 12 страници за положбата на жената и ЛГБТ заедницата во Франција. Скиапа во моментов е министер за социјална економија, а претходно ја извршуваше должноста прв државен секретар за родова еднаквост. Се бори против семејното насилство и родовите напади, како и злоставувањето.

Иако Скиапа беше облечена на насловната страница на „Плејбој“, таа беше мета на критики од премиерката Елизабет Борн, а беше критикувана и од членовите на нејзината партија „La republique en marche“.

Борн ја критикуваше Скиапа, велејќи дека појавувањето во ова списание „воопшто не е соодветно, особено во овој момент“. Франција веќе некое време е во политичка и социјална криза, по одлуката на претседателот Емануел Макрон да го промени законот за пензионирање.