(Фото) Маж си ги изми четката за варосување и кофата во Охридско Езеро и предизвика револт

Револт предизвикаа фотографии на кои се гледа како маж со кофа во раката истура бела течност во Охридско Езеро беше споделена на социјалните мрежи. Објавувачот, Александар Донев, посочи дека лицето си ја измило и четката за варосување. Лицето е сликано блиску до Калишта, Струга.

„Не знам ни зошто поставувам кога знам дека џабе е веќе се.. само не знам од каде е она дека стално некој друг ни е крив“,  пишува објавувачот.

Корисниците коментираат дека ова е голем срам за езеро кое е под заштита на УНЕСКО.

Неконтролираното градење, узурпацијата на крајбрежјето, загадувањето со отпадни води и друг отпад се дел од проблемите кои досега го загрозуваа Охридско Езеро – едно од најстарите и најразновидните езера во светот, прогласен од УНЕСКО за природно и културно светско наследство.

Активисти и нуркачки здруженија постојано прават напори за чистење на езерото и едукацијата на граѓаните кои живеат покрај ова богатство, да се научат да го заштитат и да не го загадуваат дополнително, со цел да се задржи биодиверзитетот и природната убавина.

Во минатото, од езерото се вадени кади, врати од туш кабини, пластични канти од отпадоци, троседи.