Статус на годината: Како стигнавме до вакво дно?

Велиш „не знаевме“. Се чудиш. Како стигнавме до вакво дно? Како од проблем за „невкус на рококо или барок или неокласицизам“, стигнавме до проблем со тоа дали постои овој народ? Како од „неверојатна корупција“ стигнавме до тоа тогашната корупција да е само една мала точка во однос на сегашната? Како од „заробено судство“ стигнавме до тоа партијата да поставува кадри дури и во судски совет, а да не зборуваме за судии и обвинители? Како од „протест за убиството на кучето Идриз“ дојдовме до протест за зачувување на Македонскиот јазик? Како од „бројачот за презадолжена држава“дојдовме до ситуација тој долг да се зголеми дупло? Како ова, како она… Еве да ви објаснам како.

Ја гледате сликата? Погледнете ја убаво. Идоли ви беа тие што ја гнасеа Македонија. Идоли ви беа Саше Политико и тазе благонадежниот Ване Цветанов. Идол ви беше лик што одеше во Швајцарија да бара радикализација на албанците и потпиша дека имал заедничка историја со бугарите. Идол ви беше идиот кој се фалеше дека зад него стоеле странците „кои и мислеле само добрини на Македонија“. Спасител и месија ви беше стока која ја гледавте со свои очи како бара мито, ама бевте толку заслепени од „Мерцедесот на Грујо“ и „патните трошоци на Бонева“ – што не гледавте дека ставаат вазелин на еден голем стап поставен директно зад вас. Ете затоа дојдовме до ова дно.

Фала на разбирањето.