Скандал во ЕП: Вархеи по излагањето на хрватските европарламентарци праша: „Уште колку идиоти има“

На унгарскиот еврокомесар Оливер Вархеи микрофонот му остана вклучен при заседавањето на Европскиот парламент вчера, па по еден од неговите говори можеше да се слупне како на унгарски вели: „Уште колку идиоти има?“

Еврокомесарот на ЕУ за проширување одговараше на прашња на европарламентарците за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан. Вархеи, одговарајќи на прашање на хрватските европарламентарци Жељана Зовко и Томислав Сокол, по седнувањето на место заборави да го исклучи микрофонот и рече „Уште колку идиоти има?“, веројатно мислејќи на останатите европарламентарци.

Зовко зборуваше за најновата состојба во Босна и Херцеговина и го истакна неодаменшното формирање на Советот на министри во БиХ. Таа повика на поддршка од Комисијата за новиот состав, а посебен акцент стави на финансиските средства од ЕУ.

Унгарската опозициска партија Демократска коалиција побара оставка од Вархеи, затоа што сметаат дека неговиот коментар не доликува за функционирањето на Европскиот парламент.

Ако Вархеи не си поднесе оставка, тие очекуваат претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен да го отпушти. Додаваат дека случајот ќе го пријават на Европскиот парламент и кај претседателот на Европската комисија, пренесоа унгарските медиуми.