Спасовски бега од одговори за скандалозните договори за набавка на храна во МВР, со нив МВР ќе троши 1,2 милиони евра годишно повеќе отколку до сега

Оливер Спасовски молчи и се крие од одговори за скандалозните договори тешки 13 милиони евра кои ги склучил со компанијата Индустри сервис за набавка на храна за министерството. Впрочем потврда дека Спасовски бега од овој скандал е и фактот што тој лично избегнал да ги потпише, туку ја оставил помошник министерката тоа да го направи во име на МВР, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со двата договори кои МВР ги склучило со Индустри сервис, компанија која била помагана со грантови од владата на СДС и на чие отворање присуствувал самиот Спасовски, приватниот субјект ќе треба да добие 13 милиони евра за 36 месеци, односно 4,5 милиони евра годишно во просек. Овој износ е за третина повисок од досегашните трошоци на МВР за истиот период, односно лани министерството потрошило 3,3 милиони евра за набавки на храна. Каде одат овие 1,2 милиони евра разлика на годишно ниво? Ако на ова додадете дека на компанијата ќе и се признаваат и 15% транспортни трошоци, тогаш станува јасно за каков бонбона бизнис станува збор“, велат од партијата.

„Да биде апсурдот поголем, МВР има свои модерни кујни по ХАСАП стандарди, а потпишува договори со приватни субјекти, што е пример за недомаќинско работење.

Спасовски и МВР бегаат од одговори, но нема да побегнат од одговорност. Се работи за пари на граѓаните и со нив Спасовски не може да прави матни зделки“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.