Петрушевски: Градоначалникот на Крива Паланка е избран да се грижи за народот, а не да тепа граѓани – затоа да си поднесе оставка

Насилството стана белег на СДС и нивните функционери. Навредуваат, етикетираат, а сега веќе почнаа и да тепаат граѓани. За жал најдобар пример за тоа е градоначалникот на Крива Паланка, кадар на СДС, Сашко Митовски кој на 14 јануари во алкохолизирана состојба и без никаква причина нападнал полицаец, граѓанин, а згора на сето тоа вршел притисок врз жртвата да не го пријавува случајот, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

-Петрушевски понатаму вели дека МВР и Спасовски да не се обидуваат да го забошотат случајот.

МВР на Спасовски и правосудните институции под контрола на СДС да не помислуваат да го забошотат случајот. На МВР му требаа 4 дена да го објави овој случај, периодот кој најверојатно бил искористен да се вршат притисок. Но видоа дека притисокот на јавноста е голем и народот веќе не им се плаши. Ваков скандал на насилство на градоначалник врз граѓанин не може да помине само со укор, условна казна или ослободителна пресуда за Митовски, вели Петрушевски.

Понатаму Петрушевски вели дека Митовски не ја заслужува градоначалничката функција, бидејќи како што вели тој не бил избран за да работи во интерес на граѓаните, а не да ги тепа и врши притисоци.

„Овој човек не заслужува да ја врши функцијата градоначалник. Бил избран од народот да работи за нивните интереси, а тој позицијата на моќ ја користи да ги тепа граѓаните и да врши притисоци. Затоа овој случај не е обичен случај на насилство забележан во полицискиот билтен. Затоа Митовски треба да си поднесе оставка, за да не влијае на постапката и да не го повтори делото во некоја негова нова афектна состојба“.

Доаѓа време за одговорност, порача Петрушевски.