Попов: Владата треба да реагира со робусна акција и сериозна стратегија за справување со загадувањето, мерките на СДСМ се популистички

Ние сметавме дека оваа тема со загадувањето е поплеменита од ова популистички да предлагаме мерки кои што веќе или вака или така се прават и сите за тоа сме свесни. Впрочем и претседателот на Советот, Трајко Славески барањата на Социјалдемократскиот сојуз како претседател на Совет ги испрати до градоначалничката и од таму сите бевме информирани дека работите кои што Социјалдемократскиот сојуз ги бара дека веќе се прават. Исто така сметавме дека тие мерки како што напоменав се паушални од типот дека ако ги миеме улиците секој ден или дека ако направиме бесплатен јавен превоз како да ќе снема автомобили во градот и можеби така ќе го намалиме загадувањето, истакна Сергеј Попов, советник во Советот на Град Скопје и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на емисија на телевизија Клан.

Попов апелира за сериозна и робусна акција како на Градот Скопје така и на Владата на Република Македонија.

„Сметаме исто така дека политичката партија од која што дојдоа овие предлози е веќе седум години на власт и предлог од типот да ги миеме улиците после седум години нечие владеење. И премиерот да ти доаѓа од истата партија и се што во овој период ти ќе смислиш да направиш е да побараш некоја си вонредна седница со некакви пак ќе повторам најпаушални од ракав извадени мерки кои што и Градот, а и впрочем повеќето луѓе се свесни дека веќе се имплементираат, улиците се мијат, а ако е ладно не можат да се мијат бидејќи ќе замрзнат итн., бесплатен јавен превоз во периоди на енормна загаденост имало и во минатото и во иднина ќе има, тоа беше нашето размислување. Се потпиша таму советничката група на СДСМ, ЛДП и ДОМ ако не се лажам, а останатите советнички групи во Советот се немаат потпишано, значи ставот е дека темава е многу поплеменита, и ајде заедно да бараме здружена акција на Владата бидејќи ова може да се реши овој проблем, но не е само на Скопје, туку на цела Македонија“, заклучи Попов.

Тој посочи дека дека сите заедно треба да ја повикаат Владата и да се бара робусна акција, сериозна стратегија за решавање на проблемот со загадување.