Љутков: Не може ниту еден позитивен збор моментално да се каже за актуелната власт во однос на културата, се уништува македонското ткиво

„Преку културата се менува целата слика и идентитетот на еден народ. Зошто го зборувам ова? Во 2017-та година кога се смени власта први на удар беа директорите на културните институции. Првите луѓе беа тие директори, значи таму беше првиот удар. И оттука почна промената или уништувањето на македонското ткиво“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Љутков додаде дека токму од 2017-тата започна подгревањето и потоа следеше промена на името, на идентитетот.
„Но, генерално културата е главна во овој процес. И видете од 2017-тата година се сменети, мислам дека е петтиот министер моментално. И овој министер нема никаква поврзаност со култура. Ај да речам првиот Алаѓозовски и Стефоска имаат некоја поврзаност, тој доаѓа од граѓанскиот сектор, а Стефоска мислам е историчар. И пак можеме да најдеме некаква поврзаност. Но, генерално менувањето во пет години пет министри јас мислам дека во светот се нема случено една власт да смени толку министри за култура“, рече тој.

Тој посочи дека ниеден министер не може да направи ништо и тоа е тенденција.

„Така да таа тенденција на уништување на македонското ткиво и уништување на македонската култура е веќе на работ. И тоа е видливо. Не можете ниту еден позитивен збор моментално да кажете за актуелната власт во однос на културата“, нагласи Љутков.

Тој укажа дека тоа може да се воочи и по гостувањата на министерката по други телевизии и емисии каде што самите новинари и самите водители во своите најави и укажуваат на министерката дека нејзината негрижа кон културата го допре дното.