дома ВЕСТИ Македонија СДС продолжува да тера гол популизам за загадувањето, наместо мерки кои ништо...

СДС продолжува да тера гол популизам за загадувањето, наместо мерки кои ништо нема да променат, потребно е веднаш вклучување на владата

СДС продолжува да тера гол популизам и да собира политички поени за загадувањето во Скопје, пишува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

Седум години СДС и ДУИ се власт во државата и освен заклучоци и препораки на комисии СДС и ДУИ ништо немаат преземено. Без ниту еден капитален проект, без денар вложен за животната средина и справување со загадувањето во Македонија.

Наместо мерки кои се бледа шминка и нема ништо да променат во целата состојба со животната средина и загадениот воздух, владата предводена од СДС и ДУИ треба веднаш да се вклучат и да се направи целосна стратегија за овој горлив проблем кои ги мачи скопјани.

Додека Ковачевски пред медиумите зборува за ланскиот снег, треба веднаш да свика состанок со сите институции, вклучувајќи ја и Арсовска и да се подготви целосна стратегија која ќе почне да дава резултати со справување со загадениот воздух.

Наместо тајни средби за договарање на тендери и поставување на свои послушници по градските институции, Арсовска и Ковачевски треба да почнат да работат и да се грижат за здравјето на граѓаните.

Мерките кои ги предложи СДС се основна работа на градоначалничката Арсовска. Нека ги повика директорите на ЈСП, Комунална хигиена и Паркови и зеленило, нека ги повика и градските инспектори и веднаш нека почнат да работат.

Но СДС, ДУИ, Левица и Арсовска тоа не ги интересира. Нив ги интересира како може повеќе да украдат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде