ОЈО ќе информира за случајот за Жан Митрев

Основното јавно обвинителство денеска на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на пандемијата со корона-вирусот.

– На брифингот ќе присуствуваат Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева, информираа од ОЈО.

Митрев на гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ „Телма“ рече дека не знае зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите.

Според д-р Митрев, ниту еден пациент не бил доведен во заблуда. Хемофилтрацијата, според него, е релативно стар метод и како што појасни не се употребува за лекување на Ковид и други инфективни болести, туку е помагало, а не метод за лекување.