Русија ја нападна Украина со дронови и над 120 проектили

Најмалку две експлозии се слушнале во Киев, но нејасно е дали биле предизвикани од проектилите или од противвоздушната одбрана.

Експлозии се регистрирани и во Харков, Одеса, Лвов и Житомир. Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека најмалку три лица се повредени во денешниот напад, меѓу кои и 14-годишно девојче.