ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, УЧИЛИШТАТАТА НЕМА ДА РАБОТАТ – нови детали за труењето кај Пирот, меѓу хоспитализираните има три деца!

Владан Васиќ, градоначалник на Пирот и шеф на Градскиот штаб за вонредни состојби, на прес-конференција рече дека во тој град е прогласена вонредна состојба.

По тој повод рече дека училиштата нема да работат во понеделник, како и дека водата во тој дел не е за пиење.

Да потсетиме, на делот од автопатот Ниш – Димитровгад, меѓу Пирот и Станичење, надвор од населено место, се преврте вагон со амонијак.

Повеќе од 50 лица побарале лекарска помош поради труење со амонијак. Од нив седуммина се повредени во незгоди предизвикани од истекување на амонијак, односно излетување од патот, а еден од нив бил тешко алкохолизиран и пренесен во КЦ Ниш.

Српските медиуми наведуваат и дека меѓу хоспитализираните има и деца, а засега само во Универзитетската клиника во Ниш има на лекување три деца