Се реконструираат трите објекти на детската градинка „Гоце Делчев“ во Виница

Во детската градинка „Гоце Делчев“ од Виница во тек се градежни работи за реконструкција на трите објекти, а за што институцијата од сопствениот буџет инвестира 2,5 милиони денари.

Поддршка во реализацијата на проектот обезбеди и Општина Виница, а при увидот што го направи градоначалникот Миле Петков беше констатирано дека при крај е преуредувањето на внатрешноста нанпросториите за престој на најмладите, како и реконструкцијата на санитарните јазли.

– Во стариот објект на градинката во близина на општинската зграда целосно се реконструира водоводната и канализациската инсталацијанво тоалетите за децата и персоналот, по што ќе бидат поставени новибсанитарни елементи и опрема. Исто така, потпишан е и договор занреконструкција на покривот на овој објект, со што ќе се спречи
протекувањето и натамошното оштетување. Во новиот објект пак, се менува подот, каде во занималните се поставува ламинат, а во градинката во селото Истибања во завршна фаза се работите за инсталирање на ново парно греење. Притоа, обезбеден е котел на пелети со моќност до 25 киловати, како и радијатори, пумпи и придружна инсталациска опрема, истакна градоначалникот Петков.

Со договорите што се склучени со изведувачите, се очекува градежните и другите работи околу реконструкцијата да бидат завршени до крајот на тековната година.