Цветковски: Инвестираме рамномерно во сите населени места во Општина Лозово

Иако наследив голем број на финансиски обврски и доспеани долгови, со одговорно и домаќинско работење успеав поголемиот дел од тие долгови да се вратат, за сега да сме во позиција сами да го креираме буџет на Општината. Ова е дел од обраќањето на Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово на регионална средба и трибина на општините од Вардарскиот плански регион.

Цветковски се осврна на активностите кои како општина ги реализираат во областа на креирањето на буџетот за 2023 година, каде Општина Лозово е една од ретките општини што во изминатиот период ги имаат посетено сите домови во општината.

-Изминатава 2022 година успеавме да реализираме едно од големите предизборни ветувања, а тоа се инвестициите во опремувањето на основното општинско училишта „Методи Митевски-Брицо“, кое денес е едно од најдобро опремените училишта во централниот и источниот регион на Република Македонија. За буџетот за 2023 година планираме асфалтирање на 23 улици во соработка со Министерството за транспорт и врски, почеток на реализација или прва фаза од проектот за изградба на Зелен пазар и почнување на процедурите за втората фаза. Имаме планирано и хортикултурно и партерно уредување на централното подрачје во населеното место Каратманово, кажа Цветковски.

Цветковски потенцираше дека за него како градоначалник е императив општина Лозово рамномерно да инвестира и да ги развива сите населени места во општината.

Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/watch/?v=527765142567286

Постави одговор

Your email address will not be published.